Откако се смирија емоциите, ден подоцна Федерер со порака до фановите

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер синоќа стави крај на својата богата кариера откако заедно во двојки со Рафаел Надал загубија во „Лејвер купот“ од американскиот пар Џек Сок и Френсис Тиефо.

Ден подоцна по емотивната ноќ откако конечно успеаја да се сопрат емоциите „швајцарскиот маестро“ упати порака до фановите на социјалните мрежи.

„Магична вечер беше вчера. Благодарам уште еднаш до сите играчи и сите фанови за тоа што ја споеделија оваа вечер со мене“, напиша Федерер на „твитер“. 

 

 

Се вчитува...