Откажан и маратонот во Париз

Атлетскиот маратон во Париз годинава дефинитивно нема да се одржи. Организаторот објави дека и покрај неколкуте промени на терминот сепак поради пандемијата на коронавирусот нема услови за одржување на оваа масовна манифестација. Последниот термин кој беше предвиден за трката беше ноември.

„Ќе има огромно разочарување меѓу оние кои одвоија време за подготвки за тренинзи за предвидениот есенски маратон. Ќе работиме заеднички со градот Париз за одржување на изданието во 2021 година“ – стои во соопштението од организаторите.

Претходно и Берлин и Њујорк ги откажаа годинешните изданија за маратоните додека ќе биде одржана само трката во Лондон, но на неа ќе учестуваат само елитни атлетичари.

 

Се вчитува...