Откажани баражите за пополнување на ВМФЛ-Запад: Дури 13 фудбалери позитивни на Ковид-19

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус на Ковид-19 потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на коронавирусот. Чаклани и Фортуна утре во Тетово требаше да го играат првиот бараж дуел.

Според пропозициите за натпреварување, сега ждрепката ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Се вчитува...