Откажано Европското првенство во атлетика

Европското првенство во атлетика кое беше планирано за крајот на август е откажано, соопштија организаторите. Тоа требаше да се одржи во периодот од 25. до 30. август во Париз, но организаторите одлучија поради „одговорност и добри намери“, да донесат одлука за негово откажување.

Коронавирусот создаде големи проблеми и во атлетиката како и во другите спортови. Претходно, беа откажани и ЛОИ во Токио, како и девет од планираните петнаесет митинзи во Дијамантската лига. Сепак, поради одложувањето на игрите во Токио има голема дупка во календарот, по што би можело дел од митинзите да бидат одржани во втората половина од годинава.

Се вчитува...