Откажано финалето на „Дијамантската лига“

Откако беше објавена веста за откажување на атлетскиот митинг од „Дијамантската лига“ во Лондон набрзо стигна информација дека ќе биде откажано и финалето на ова натпреварување кое годинава требаше да се одржи од 9. до 11. септември во Цирих.

„Секако дека ни е тешко што мораше да го откажеме митингот, но во овој момент само тоа е паметна одлука“, изјави директорот на митингот Кристоф Јохо. 

Доколку ситуацијата се нормализира се очекува Цирих да биде домаќин на завршните митинзи во „Дијамантската лига“ во 2021. и 2022. година. ,

 

Се вчитува...