Откриена тајната на Халанд: Норвежанецот има посебен режим на спиење

Ерлинг Халанд е вистинска машина за голови. Му беа потребни само 35 минути за да постигне пет гола за Сити во огромната победа од 7-0 во Лигата на шампионите против Лајпциг. Се израмни со Лео Меси и Луис Адријано по бројот на голови на еден натпревар од елитното натпреварување.

Утрото потоа на социјалните мрежи објави фотографија на која се одмора со топка од Лигата на шампионите. Неговата шема на спиење е особено интересна.

За да ги одмори очите пред да заспие, тој носи специјални очила со портокалови леќи. Тие ја одбиваат штетната сина светлина која го буди мозокот.

Тој легнува секоја вечер од 22 до 22.30 часот, исклучувајќи ги сите електронски уреди за да не му пречат. Тој носи на себе специјален „прстен“ кој го подобрува квалитетот на спиењето, ја следи температурата на телото, нивото на стрес и отчукувањата на срцето. Неговата цена се движи од 314 до 367 евра.

Истиот апарат го користел и поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил откако му се слошило гледајќи го осминафиналето од последното евро меѓу Англија и Германија.

Најефикасниот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, кој постигна неверојатни 33 гола на првите 25 натпревари, секое утро го буди посебен аларм: химната на Лигата на шампионите.

Се вчитува...