Откриени детали од нападот: Кол го мачеле пред неговите деца!

Шест маскирани напаѓачи во јануари 2020 упаднаа во домот на легендарниот англиски фудбалер, Ешли Кол. Покрај тоа што домот на семејството Кол беше ограбен, целата фамилија претрпе терор и мачење, а напаѓачите по кратко бегство сепак беа фатени.

Обвинителството нападот на неговото семејство го окаректиризира како многу насилно, а беа објавени и детали од целата случка.

„Ешли Кол беше заврзен пред неговата жена и деца, а еден од напаѓачите предложи да му биде отсечен прстот. Беа вооружени, а ни присуството на децата не ги сопре во нивните намери“, изјави главниот обвинител Мајкл Брејди. 

Се вчитува...