„Отпишаните“ Иско и Азар го спасија Реал Мадрид од срам во Купот на кралот

Реал Мадрид успеа да се пласира во следната фаза од Купот на кралот откако по продолженија славеше на гостувањето кај Елче со 1-2.

Откако мрежите мируваа во регуларниот дел од натпреварот, предност за домаќините донесе Верду во 103. минута, а и покрај тоа што „кралскиот тим“ беше со играч помалку од 102. минута преку „отпишаните“ Иско и Азар во 108. и 115. минута успеа да направи целосен пресврт и да го осигура своето место четвртфиналето.

Се вчитува...