Претседателот на Интернационалната атлетска федерација, Себастијан Коу и на затворањето на Светското атлетско првенство во Доха продолжи да ја брани одлууката, шампионатот да се одржи во државата на Средниот Исток.
„Ова беше најдобротo Светско првенство досега. Нашиот спорт е во прилично добра форма. Многу е важно што атлетиката се раздвижува низ светот. Ние не може да ги гледаме политичките услови“ – вели Коу.
Сепак оваа негова изјава не може да ги покрие критиките кои првенството ги добиваше. Пред се поради слабата посетеност. Во првите денови додека се одржуваа и женските улични трки и временските услови беа екстремно лоши. Но, сепак главен проблем беше публиката. Во голем дел случаи, светските шампиони се радуваа пред празни трибини. Дел од атлетичарите имаа забелешки и на распоредот на дисциплините.
Она што го обележа ова првенство дефинитивно е Алисон Феликс кој го урна рекордот на Јусеин Болт според бројот на златни медали на светските првенства. Со титулите на 4 пати по 400 метри во мешаната и во женската штафета на САД таа додје до 13 медал. И сето ова само 11 месеци по раѓањето на детето. По раѓањето на синот се врати и неверојатната Јамајканка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс која го освои петтиот златен медал на светските првенства. Далила Мухамад го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки, а Дина Ашер-Смит стана првата Британка кој освоила три медали на големо атлетско натпреварување.
Сепак на Доха мора да и се признае за иновативноста. Спектакуларните најави, воведувањето дигитални знамиња при прогласувањето победници, новововедените камери за ТВ преносите како и климатизираниит стадион дефинитивно влегуваат во редот на одлични елементи кои беа значаен дел на Првенството. По две години, Светското првнество ќе биде во Јуџин, Орегон, прво во САД, но претходно атлетичарите имаат уште поголем предизвик, Олимписките Игри во Токио следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА