Сидни Лопез Кабрал е стрелец на најубавиот погодок во досегашниот дел од СП 2026, и тоа на суперинтересниот меч меч Аргентина и Зеленортските острови.
Аргентина поведе со 2-1 на самиот почеток од продолжението и се чинеше дека светските шампиони конечно го скршија отпорот на противникот, но Кабрал имаше сосема поинакви планови.
Левиот бек на Зеленортските острови постигна гол за паметење, со десната нога од работ на шеснаесетник стрелајќи милиметарски прецизно во горниот агол од голот на Емилијано Мартинез.
Ремек-делото на Кабрал можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
