Ова е селфито поради кое Надал може да остане без Вимблдон

Рафаел Надал попладнево треба да се сретне со Аргентинецот Черундоло, но шпанскиот тенисер потоа би можел да биде исфрлен од Вимблдон доколку се покаже дека е позитивен на коронавирус.

Проблемот настана откако денеска настапот на Вимблдон го откажа Матео Беретини, откако Италијанецот беше позитивен на денешното тестирање. Беретини во текот на вчерашниот ден тренираше заедно со Надал, а веднаш по тренингот двајцата објавија и заедничка селфи-фотографија.

Јасно е дека Шпанецот сега ќе се најде во центарот на јавноста, а организаторите согласно протоколите ќе ги тестираат сите кои биле во контакт со ланскиот финалист.

За потсетување, покрај Беретини од стартот на турнирот своето учество на Вимблдон поради позитивен тест на Covid-19 мораше да го откаже и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.

Се вчитува...