Ова е сезона од соништата за Ферстапен: Прво место и во Холандија, за деветта победа во низа

Макс Ферстапен ја продолжува сезоната од соништата откако холандскиот возач денеска триумфираше и на својата домашна трка, која беше одбележана со сериозните проблеми што врнежите им ги создаваа на возачите, поради што имаше и неколку прекини. Тоа сепак не му пречеше на Ферстапен да ја продолжи доминацијата на патеките, да ја задржи предноста што ја имаше од самиот почеток и да стигне до триумф.

Ова е вкупно деветта победа во низа на Ферстапен во Ф-1 шампионатот, со што тој го израмни апсолутниот рекорд на Себастијан Фетел и на следната трка ќе има можност да испише историја како најдобар возач на сите времиња во оваа категорија.

Второто место на денешната трка го освои ветеранот Фернандо Алонсо, место на подиумот имаше и за Гасли, а бодови меѓу топ 10 возачите на холандското гран-при имаше и за Перез, Саинц, Хамилтон, Норис, Албон, Пијастри и Окон.

Се вчитува...