Ова го може само Леброн – зад грб, низ нозете на соиграч, фаул… и кош (видео)

Леброн Џејмс го имаше потег на сезоната во НБА-лигата, кога асот на Кливленд тргна на положување на дуелот со Филаделфија. Тој се реши за дриблинг зад грб, но за да биде поинтересно топката ја протна и низ нозете на еден свој соиграч. Под обрачот се обиде да го блокира Дарио Шариќ, но „кралот Џејмс“ одговори лесно и на овој предизвик, изнудувајќи фаул пред да ја смести топката низ обрачот.

„Тоа дефинитивно ми беше еден од најдобрите потези во кариерата“ – изјави Леброн Џејмс по натпреварот.

 

Се вчитува...