Ова се можните противници на шампионот Струга ТЛ во 1. квалификациско коло во ЛШ

Македонскиот шампион Струга ТЛ ги доби речиси сите противници со кои може да игра во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Остануваат уште две непознати, односно кој ќе биде шампион на Турција и шампион на Бугарија.

Така на Струга може да има падне екстремно тежок противник како што се некој од трите турски гиганти Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ кои се борат за титула во Турција. Тука се уште и Ференцварош како шапмпион на Унгарија, Карабах, Слован Братислава, а Струга ТЛ може да мине и лесно ако се падне на пример со Шамрок или Њу Сејнтс.

Во секој случај стружани како најдоле во групата на аутсајдери, ги чека тешка задача во Европа. Доколку испадне во 1. коло од ЛШ, потоа оди во 2. коло од ЛЕ, па од таму ако загуби во ЛК, и ќе има најмалку шест европски натпревари ова лето.

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА СТРУГА ТЛ ВО 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛШ

Галатасарај/Фенербахче/Бешикташ (Турција)
Ференцварош (Унгарија)
Карабах (Азербејџан)
Слован Братислава (Словачка)
Шериф (Молдавија)
БАТЕ Борисов (Белорусија)
Астана (Казахстан)
Макаби Хаифа (Израел)
Лудогорец/ЦСКА Софија (Бугарија)
Жалгирис (Литванија)
Хелсинки (Финска)
Флора Талин (Естонија)
Шамрок (Ирска)
Њу Сејнтс (Велс)
Олимпија (Словенија)
Зрински (БИХ)

Се вчитува...