Македонската фудбалска репрезентација ја продолжува серијата на непобедливост на официјалните натпревари во рамките на натпреварувањата на УЕФА и ФИФА.
Се вечерашното реми (1-1) со осмата селекција во светот – Белгија, Македонија го запиша и десеттиот едноподруго официјален натпревар без пораз, што е убедлив рекорд на најдолга низа без пораз во историјата!
Оваа Македонија под водство на Благоја Милевски, кој и согласно резултатите е убедливо најуспешниот македонски селектор во историјата, сега има низа од десетедноподруго натпревари без пораз (шест победи и тоа со Ерменија (2), Летонија (2), Фарски острови и Лихтенштајн, и четири ремија со Англија, Фарски острови, Велс и Белгија) на официјални дуели под капата на УЕФА. Последниот пораз на македонската репрезентација беше на 17 ноември 2023 година, од Италија на гостувањето во Рим.
Неверојатна е и серијата на Столе Димитриевски, кој почнувајќи од оној меч против Фарските острови во септември минатата година, на следните осум дуели има само два примени голови во својата мрежа, со вкупна гол разлика на Македонија од 14-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА