Овен „жестоко“ и против Капело: Тој е ѓубре од човек, ми ја уништи кариерата

Освојувачот на „Златната топка 2001“, Мајкл Овен на само 33 години се повлече од фудбалските терени, па сега се даде на пишување мемоари. Во својата книга „Мојот живот, мое време“, жестоко удри и по италијанскиот стратег Фабио Капело, поранешен селектор на Англија кај кого одигра само еден натпревар во националниот тим.

„Фабио дојде со чувство дека мора нешто да промени. А, прва промена бев јас. Без објаснување ја заврши мојата тешко стекната кариера на репрезентативец. Тоа не го заслужив. Не само што ми ја уништи кариерата, туку тој му нанесе огромни штети на англискиот фудбал а беше неверојатно платен. Најлошо е тоа што беше еден од најнеуспешните селектори во историјата на Англија. Чисто ѓубре“ – пишува Овен.

Покрај Овен, во тоа време, и добар дел од останатите репрезентативци забележувале што Капело не знае англиски.

„На првиот состанок видовме дека е многу строг што се однесува до храната, а втора работа беше што не знаеше ниту еден збор од англиски јазик. Сите се погледнавме и се прашувавме меѓу себе: ‘Па, како ќе се разбереме со овој човек?’“.

Овен за Англија одигра 89 натпревари постигнувајќи и 40 погодоци. Се пензионираше како фудбалер на Стоук во 2013 година. Во кариерата играше за Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...