„Овој тим на Барса е доволно добар да се бори за титула во Ла лига“

Враќањето на Чави назад во Барселона, овојпат како тренер на каталонскиот гигант очигледно не е завршена работа без оглед на соопштението на Ал Сад дека е дадено зелено светло за овој стручњак да се врати на „Камп Ноу“.

Од Барселона се уште немаат потврдено дека легендата на клубот се враќа дома, па затоа додека не биде готова целата „сага“, Серџи Бархуан се уште е прв тренер. Тој на денешната прес-конференција пред мечот со Селта изјави дека овој тим на Барса е исклучително квалитетен.

„Овој тим е доволно добар да се бори за титула во Ла лига“, изјави Бархуан.

Дефинитивно, преоптимистички ако се земат во предвид квалитетите на овој играчки кадар на Барса споредени со оние на ривалите.

Се вчитува...