Овој викенд е закажано шестото издание на „Струмина треил“ во Штип

Повеќе од 170 пријавени учесници ќе трчаат на Струмина Треил 2019, планинска трка низ ридестиот штипски терен. Во организација на здружението за планинско трчање „Трекс” од Скопје, овој викенд на 17 ноември со почеток во 10 часот од Медицинското училиште во Штип ќе се одржи шесттото издание на планинската трка Струмина Треил која се одржува во околината на Штип.

Пријавувањето започна на 24.10.2019 и траеше до 11.11.2019, а досега се пријавени повеќе од 170 тркачи, најмногу од нашата дражва но и по некои странци.

Патеката е со должина од 18км со 750м висински метри и минува низ некои од најважните чешми за градот – Струмина чешма, Љупчова чешма и Куртбунар. Највисока точка која се искачува е ридот Калисибер (Клисибаир) во последниот дел патеката пред финалното спуштање. Од оваа точка се добива убав панорамски поглед на „Градот под Исарот”.

Трката се одржува од 2014 година и претставува одлична платформа за привлекување на што повеќе млади тркачи во планинското трчање, но и одличен предизвик за искусните.

Се вчитува...