Озил и Колашинац нема да играат против Њукасл поради безбедносни причини

Англискиот премиерлигаш Арсенал објави дека Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат дел од ростерот за премиерниот меч во првенството против екипата на Њукасл.

„Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат дел од од тимот за мечот против Њукасл поради безбедносни причини. Разговарано е со двајцата и тие прифатија дека е подобро да не бидат дел од тимот додека трае полициската истрага“, стои во соопштението од Арсенал. 

За потсетување,  Месут Озил и Сеад Колашинац беа нападнати од две лица, кои извадија ножеви и се обидеа да ги ограбат. За среќа, Сеад Колашинац, спречи ситуацијата да излезе од контрола.

Се вчитува...