Падна договорот: Леброн Џејмс за 154 милиони долари нов играч на ЛА Лејкерс!

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс и официјално ја одбра својата нова клупска средина – ЛА Лејкерс!

Џејмс денеска дефинитивно договори четиригодишен ангажман во Лејкерси. Договор кој ќе му донесе 154 милиони долари за четири сезони.

Леброн во НБА лигата пристигна во 2003 година. Играше седум години за Кливленд, за да во 2010 година се пресели во Мајами хит кого го однесе до две шампионски титули. Сепак, во 2014 година се враќа во Кливленд каде две години подоцна им го носи шампионскиот прстен, но ова лето се одлучи да продолжи понатаму и од следната сезона да биде нов член на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...