Паје излезе, Олимпик Марсеј се разигра

Олимпик Марсеј по првото коло ќе се најде на табелата пред Монако и ПСЖ, откако тимот на Руди Гарсија славеше со убедливи 3-0 на премиерниот меч од новата сезона против Дижон.

„Сино-белите“ се мачеа во првото полувреме, а клучен момент беше повлекувањето од игра на Димитри Паје. Гарсија важи за тренер што не трпи авторитети, па иако Паје важи за главна ѕвезда во тимот, тој беше повлечен поради очајната игра во првиот дел, а на негово место влезе Нжи.

Токму овој фудбалер го постигна првиот гол, кршејќи го отпорот на гостите, потоа уште еднаш се запиша во стрелците, а еден гол беше дело на Тован.

All Goals & highlights HD – Marseille 3-0… by livgol

Се вчитува...