Пак хаос во Манчестер: Блокиран клупскиот автобус на Ливерпул

Фановите на Манчестер Јунајтед се обидуваат и по вторпат да го одложат големото дерби со Ливерпул, овојпат со блокада на клупскиот автобус на гостинската екипа.

Дуелот на двата најтрофејни клубови еднаш беше одложен поради хаосот што домашните навивачи го направија откако влетаа на теренот на „Олд Трафорд“. Мечот беше презакажан за вечерва, но гостите се соочија со неочекуван проблем откако на патот пред нив се најдоа две возило кои не го пуштаа автобусот да мине и да стигне до крајната дестинација – стадионот „Олд Трафорд“.

По дваесетина минути, проблемот конечно беше решен и гостите со помош на полицијата ја минаа спорната точка на патот, па останува надежта дека тоа ќе биде единствениот проблем и дека тие безбедно ќе стигнат на арената каде вечерва треба да се сретнат со Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...