Паласио го напушти Интер, си најде нов клуб во Италија

Родриго Паласио си замина од Интер откако не му беше понуден нов договор од страна на „нероаѕурите“, но аргентинскиот ас без проблеми си најде нов ангажман, и тоа повторно во Серија А. Болоња ќе биде новиот клуб на поранешниот голгетер на Бока јуниорс, откако Паласио во текот на вчерашниот ден го стави својот потпис на едногодишниот договор со „болоњезите“.

Среќен сум што сум овде и се надевам дека ќе имам одлична сезона. Не знам премногу за градот, но луѓето што ги познавам секогаш говореле со најголеми комплименти за Болоња. Тренинг-комплексот ни е далеку подобар отколку што очекував, верувам дека ова ќе биде одлична сезона за мене и за тимот“ – изјави 35-годишниот Паласио.

Аргентинскиот интернационалец беше член на Интер од 2012 година, настапувајќи на 196 средби за овој клуб и притоа постигнувајќи 60 погодоци.

 

Се вчитува...