Пандев добива конкуренција – Џенова го доведе Лападула

Горан Пандев добива сериозна конкуренција за место во нападот на Џенова за следната сезона, откако неговиот клуб денеска го комплетираше трансферот на Џанлука Лападула. Екс-фудбалерот на Пескара доаѓа во Џенова од редовите на Милан, каде ја мина ланската сезона. „Росонерите“ ја прифатија понудата на Џенова, Лападула да замине на едногодишна позајмица за два милиони евра, но потоа на крајот од сезоната Џенова да мора да го откупи неговиот договор со Милан за дополнителни девет милиони евра.

Овој 27-годишен голгетер имаше солидни бројки минатата сезона, постигнувајќи осум гола во Серија А, иако не беше најстандарден кај тренерот Монтела. Во ситуација кога „росонерите“ носат врвни фудбалери на сите позиции Монтела реши дека Лападула повеќе не му е неопходен во екипата и даде зелено светло за заминување на овој напаѓач.

Се вчитува...