Првиот постигнат гол сезонава во „Серија А“ беше доволен за италијанските медиуми да се потсетат колкав фудбалски генијалец е Горан Пандев, па македонскиот ас денеска од страна на локалните медиуми во Џенова беше споредуван со уште еден спортски велемајстор – повеќекратниот светски шамион во снукер, Рони О’Саливен.
„Пандев е Рони О’Саливен на Џенова, достојен комплимент за нивото на игра прикажана против Киево. Македонецот го измислува фудбалот на начин како што О’Саливен го крева снукерот во нова димензија на овој спорт. Прецизност, ладнокрвност, класа и техника за игра во простор, како во снукерот, така и во фудбалот, тоа се сличностите меѓу двајцата врвни спортисти. Горан Пандев претставува синтеза на двата спортови, ја има визијата за снукер и чувство за игра што воодушевува. Кога и Пандев да ја допре топката, добивате чувство дека нешто убаво ќе се случи за Џенова“ – пишуваат италијанските медиуми за македонскиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА