Пандев: Имаме одлична генерација, зрела да победува

Нешто слично како и пред натпреварот со Гибралтар, капитенот Горан Пандев и на денешната прес-конференција пред утрешниот втор дуел во Лигата на нациите против Ерменија во Скопје, потенцираше дека Македонија има одлична генерација фудбалери која е зрела за победи.

„Имаме одлична генерација квалитетни фудбалери која е зрела за континуирани победи во ова натпреварување. Треба да го искористиме тоа и да дојдеме до успех во Лигата на нациите. Ерменија е навистина добра репрезентација која апсолутно не може да се потценува, но со максимална ангажираност на целиот тим верувам дека ќе дојдеме до нова победа“ – истакна Пандев пред утрешниот дуел.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра утре од 18 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...