Пандев: Можеби не презентиравме допадлив фудбал, но играта се заборава а резултатот се памети!

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев беше една од клучните фигури во повеќе од значајниот триумф против Ерменија во вториот меч од Лигата на нациите.

Изнуди удар од белата точка а потоа и погоди за конечни 2-0, повеќе од доволно од Пандев кој вели дека можеби Македонија не одиграла допадлив фудбал но кога се победува токму на таков начин е нешто плус за оваа селекција, која во минатото имала добри игри а негативни резултати…

„Најважно е што целта е остварена. Две победи од двата меча е навистина добро завршена задача. Важно е што не примивме гол на дуелот со директниот конкурент за првото место во групата Ерменија. Тоа може многу да значи околу изгледот на конечната табела. Се согласувам дека не одигравме на ниво, не презентиравме некој допадлив фудбал но победите се најважни. Кога се победува во не така квалитетно издание е нешто плус за оваа репрезентација. Во минатото прикажувавме одлични игри а на крајот имавме негативни резултати. Во секој случај вака е подобро, затоа што на крајот само резултатот се памети“ – ни изјави Пандев по денешната победа над Ерменците.

Се вчитува...