Пандев: Очекувам подобри игри на Џенова под водство на Балардини

За време на репрезентативната пауза, италијанскиот калчолигаш Џенова, чиј член е Горан Пандев, доби нов тренер, Давиде Балардини. Тие двајца немаа најдобар однос во периодот кога двајцата беа дел од Лацио, но, сепак, Пандев го поддржа изборот на Балардини и верува дека ќе успее да ја консолидира екипата по заминувањето на Иван Јуриќ.

Во претстојното коло од Серија А, Џенова му гостува на Кротоне, а Пандев истакнува дека тоа е многу значаен меч за тимот.

„Гостувањето кај Кротоне е многу значајно за нашиот тим. Мора да веруваме во подобри денови, дека ќе играме подобар фудбал. Поради себе, поради фановите, поради клубот. Верувам дека ќе имаме добра соработка со Балардини, и дека тимот ќе бележи подобри резултати“, вели меѓудругото Горан Пандев во интервјуто за клупската страница на Џенова.

Се вчитува...