Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е кандидат за гол на сезоната 2017/2018 во Серија А.
Мајсторијата на офанзивецот на Џенова против Верона на мечот во кој тимот на Пандев триумфираше со 3-1 е во изборот за најдобар гол од минатата сезона во организација на „Гран гала де Калчо“ и „Скај спорт“.
За Горан Пандев и голот кој вистинско ремек-дело може да гласате на следниот ЛИНК. Меѓу кандидатите за најубав погодок на сезоната се и Икарди, Белоти, Бернардески, Сусо, Мертенс…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА