„Пандевци“ имаат за што да жалат: Штета за промашените шанси, можевме да дадеме 6-7 гола

Академија Пандев претрпе убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Лехија Гдањск, сведувајќи ги на теорија своите шанси за минување на првата европска пречка.

Тренерот Ѓорѓе Стојчев не крие дека е разочаран од конечниот исход, особено поради бројот на шанси што „пандевци“ ги создадоа во Полска, користејќи само една.

„Овој меч беше одлично искуство за мене како тренер и за моите играчи, од кои голем дел за првпат играа на европската сцена. Секако дека не можеме да бидеме задоволни од резултатот, на почетокот имавме свои шанси, но за жал не ги искористивме. Со она што го создадовме, можевме да дадеме 6-7 гола, но потфрливме во нападот, реализиравме само еднаш, а примивме четири погодоци. Сепак, не се предаваме и реваншот исто така ќе го одиграме на највисоко ниво. Лехија е одличен тим што игра беспрекорно во нападот, искусните играчи на полскиот состав ја направија разликата, но ние ќе извлечеме поука и искуство од овој пораз“, изјави Стојчев.

Се вчитува...