„Пандевци“ против Македонија ЃП го напаѓаат врвот, Вардар на триумф против Борец

Академија Пандев на „Младост“ во Струмица денеска од 14:30 часот ја пречекува екипата на Македонија ЃП во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ против „лавовите“ во битка за врвот на кој се израмнети со Вардар кој, пак, денеска во Скопје го пречекува Борец. Во таборот на Академија Пандев силна е вербата дека може да се стигне до победа против Македонија ЃП, иако се работи за цврста екипа која во досегашниот дел од шампионатот нема пораз од најдобрите екипи.

Но, и „лавовите“ во Струмица патуваат, како што велат, по бодови…

„Одиме од натпревар на натпревар, против секој противник пристапуваме максимално сериозно. Веруваме дека можеме да бодови и на гостувањето против Академија Пандев“ – вели крилниот офанзивец на Македонија ЃП, Бенјамин Демир.

Во насока на што поголем број гледачи на „Младост“ од раководството на Академија Пандев одлучија влезот за денешниот дуел да биде слободен.

Вардар, пак, по ремито со Македонија ЃП изминатиов викенд сега сигурно посакува триумф против Борец како би се задржал на врвот. Борец низ досегашниот тек од првенството демонстрираше одлични игри на домашен терен, но секогаш проблем кога гостува. Во првиот меѓусебен натпревар двете екипи ремизираа во Велес, па „црвено-црните“ сега безусловно ќе атакуваат на трите бода.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (14:30 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

Се вчитува...