„Пандевци“ против Силекс за враќање на победите, Македонија ЃП го пречекува Шкупи

Академија Пандев на стадионот „Младост“ во Струмица денеска од 15 часот во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига ја пречекува екипата на Силекс од Кратово.

Натпревар од голема важност за „пандевци“ пред репрезентативната пауза во желбата повторно да се вратат на победите, по оној пораз од Вардар. Токму поради тоа од Академија Пандев очекуваат поддршка од своите навивачи и симпатизери. Влезот за денешниот натпревар во Струмица ќе биде слободен.

Македонија ЃП, пак, го пречекува составот на Шкупи. Интересен дуел во Ѓорче Петров ако се знае дека кај чаирчани, под водство на новиот тренер Ќатип Османи, опстојува голем мотив за нов позитивен резултат по онаа победа над Шкендија.

На дуелот во Велес, Борец ќе атакува на втората своја победа сезонава, овој пат против Струга Тим Лум.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0

Се вчитува...