„Пандевци“ револтирани по повредата на Дориев: Намера очигледна, казна никаква… (ВИДЕО)

Во таборот на Академија Пандев се револтирани од судењето на вчерашниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига во поразот (1-0) на гостувањето против Борец во Велес.

Струмичани реагираат на клучниот момент на самиот старт од дуелот кога нивниот најдобар фудбалер, репрезентативецот Љупче Дориев заработи незгодна повреда по директен старт од противнички фудбалер поради што мораше да ја напушти играта.

„Љупче Дориев уште во 8. минута мораше да го напушти денешниот натпревар. На видеото јасно се гледа намерата на противничкиот играч, а згора на тоа и не доби ни санкција. Дали ваквиот старт не заслужува казна? Се надеваме дека утрешната магнетна резонанца ќе покаже добри резултати и Љупче брзо ќе се врати во тимот“ – се вели во реакцијата од Академија Пандев.

По деталните лекарски прегледи се очекува денеска и дефинитивно да биде позната тежината на повредата и должината на отсуството од терените на Дориев.

Се вчитува...