Пане Блажевски е нов тренер на Тиквеш

Пане Блажевски е нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш, информираат од кавадаречкиот второлигаш.

Блажевски доаѓа на местото на Раде Цицмиловиќ кој поднесе оставка на тренерската функција во текот на есенскиот дел од сезоната.

Од раководството на клубот се одлучија довербата да ја дадат на Блажевски кој во својата тренерска кариера водел голем број домашни клубови. Кавадарчани се со минус од седум бода во однос на штипска Брегалница по есенскиот дел во Втората лига – Исток.

Се вчитува...