Паника во Јунајтед, Бруно Фернандеш утрово доживеал сообраќајна несреќа!

Челниците на стручниот штаб на Јунајтед ова утро добиле шокантна вест, откако дознале дека еден од своите најдобрите фудбалери, Бруно Фернандеш утрово доживеал сообраќајна несреќа, вака јавуваат англиските медиуми.

Според извештаите од „островот“, Португалецот заедно со останатите учесници во сообраќајната несреќа избегнале сериозни повреди, па доколку му дозволат лекарите се очекува да се врати на тренинзите со својот тим.

Бруно и Манчестер Јунајтед утре на „Енфилд“ гo очекуваат премиерлигашкото дерби со Ливерпул каде ќе се обидат да го изненадат својот најголем ривал.

Се вчитува...