Паника во Милан – Тројца членови позитивни на Covid-19

Лоши вести пристигнуваат од тренинг центарот на италијанскиот гигант Милан. „Росонерите“ се подготвуваа за враќање на тренинзите во тренинг кампот, но сето тоа веројатно ќе падне во вода бидејќи тројца членови се позтивни на коронавирус.

Италијанските медиуми ја пренесоа оваа вест, но не информираа дали меѓу заразените има фудбалери или се тоа само лица вработени во клубот.

Вчера од Фиорентина и Сампдорија објавија дека имаат заразени фудбалери, што најверојатно значи дека е многу тешко во блиска иднина да се врати италијанската Серија А.

Се вчитува...