Кевин Пантер предизвика бура од реакции со синоќешната порака на социјалните мрежи со која асот на Партизан ги „пецна“ Црвена Звезда и нејзините приврзаници.
„Црвено-белите“ вчера објавија дека сите свои натпревари од новата сезона ќе ги играат во „Штарк Арена“, по што Американецот ги потсети дека Партизан веќе го стори тоа во сезоната што измина.
„Се уште тоа е наше с..ње, но ве разбирам. Ние ги поставуваме трендовите“, напиша Кевин Пантер.
Очекувано, коментарот на Пантер, кој пред неколку сезони настапуваше и за Црвена Звезда, предизвика бурни реакции од приврзаниците на овој клуб, кои меѓу другото и го потсетија Американецот дека „црвено-белите“ се првиот српски тим што воопшто заиграл во „Арена“ во Белград.
На крајот, Американецот беше принуден со нова порака да ги смири тензиите.
„Луѓето се толку чувствителни. Лето е, опуштете се, во ред е да имаш малку „треш ток“ и да уживаш“, порача капитенот на КК Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА