Пантер одбил понуда и од НБА само за да остане во Партизан

Кевин Пантер реши и следната сезона да остане во редовите на шампионот на АБА лигата Партизан и покрај многуте понуди кои ги доби.

Капитенот на Партизан ја одби понудата на Барселона, но сега е откриено дека тој бил и на чекор до НБА лигата, но љубовта кон српскиот клуб на крајот победила.

„Разговаравме со Репторс навистина напорно. Мислев дека тоа ќе биде шанса за мене. Разговаравме со нив веќе некое време, па мислев дека е можно да одам во Торонто. Сепак, на крајот се одлучив да останам во Партизан“, изјави Пантер. 

Се вчитува...