Пантер: Останувам во Партизан

Кевин Пантер ги разреши сите дилеми околу иднината јасно ставајќи до знаење дека не планира да си замине од Партизан по завршувањето на оваа сезона.

Одличниот Американец е разочаран што „црно-белите“ не се пласираа во нокаут фазата од Евролигата, но децидно порача дека не планира да го напушти тимот на Жељко Обрадовиќ во текот на летово.

„Секако дека сакам да останам. Партизан е мојот клуб, затоа и потпишав на две години минатото лето, затоа што не сакав повторно да бидам во преговори за нов трансфер“, порача Кевин Пантер.

Се вчитува...