Панучи дебитираше со триумф над Лихтенштајн, Србите подобри од Молдавија

Новиот албански селектор Кристијан Панучи со победа од 2-0 над Литенштајн на домашен терен дебитираше на клупата на нашиот западен сосед. По ова, Албанците во вторник ќе ни гостуваат во Струмица во следното коло од квалификациите за СП 2018.

Албанија беше подобра, но не успеа во првото полувреме да го скрши отпорот на Лихтенштајн. Роши во 54.минута го отвори резултатот, а Аголи во 78.минута го постави конечниот епилог.

Србија сериозно се наметнува како кандидат за пласман на мундијалот во Русија. Селекцијата на Муслин славеше со 3-0 во Белград против Молдавија и по седум кола се наоѓа на првото место во групата Д со 15 освоени бода.

All Goals & highlights HD Serbia 3-0 Moldova… by livgol

Гачиновиќ и Коларов за половина час постигнаа два гола за Србите, а Митровиќ во финишот од мечот го комплетираше убедливиот триумф.

Квалификации за СП 2018 – резултати

Група Д: Грузија – Р. Ирска 1-1, Србија – Молдавија 3-0

Група Г: Албанија – Лихтенштајн 2-0

Група И: Финска – Исланд 1-0

Се вчитува...