ПАОК до фановите на Шалке: Не носете знамиња на Вардар и на Македонија во Солун

Германскиот бундеслигаш Шалке 04 на 16.февруари ќе му гостува на ПАОК во Солун, во рамките на Лигата на Европа, а во позадина на овој дуел се споменуваат и Вардар и Македонија. Германскиот клуб им препорача на своите навивачи кои ќе патуваат во Грција за да го бодрат тимот, на инсистирање на ПАОК и неговите фанови, да не носат знамиња и транспаренти поврзани со Македонија и со Вардар. Тоа би можело да биде окарактеризирано како провокација и да предизвика дополнителни проблеми меѓу двете навивачки групи.

komiti - uge

„УГЕ“, навивачката група на Шалке 04, е збратимена со „Комити“, фановите на Вардар, и на нивната трибина многу често се појавуваат знамиња и транспаренти од Македонија и од Вардар.

„На влезот за секторот 8, каде ќе бидат сместени навивачите на Шалке 04, ќе има строга контрола и нема да бидат дозволени симболи на Вардар, како и знамиња на Македонија. Транспарентите на Шалке 04 ќе мора да бидат сместени на самата трибина“, пишува во дел од препораките што ПАОК ги испрати до Шалке 04.

grcki napisi

Се вчитува...