Фудбалерите на Парагвај и Австралија ремизираа без голови во последниот натпревар во групата Д на Светското првенство.
Натпреварот во Сан Франциско беше директна пресметка за второто место во групата, кое „на хартија“ ќе донесе полесен ривал во осминафиналето.
Сепак, уште пред натпреварот се знаеше дека нерешено ќе ги задоволи и двете, бидејќи сигурно ќе стигнат до нокаут фазата. Така и беше.
Австралија, која има гол разлика од 2-2, заврши втора и ќе ги чека своите ривали од групата Г.
Парагвај, од третата позиција, според голем број проекции, ќе игра против Германија во осминафиналето.
Ако јужноамериканската селекција сакаше да го промени тоа, односно да го нападне триумфот и втората позиција, не го покажа тоа со својата игра.
„Кенгурите“ имаа повеќе удари кон противничкиот гол и, може да се каже, обиди да го загрозат противничкиот голман, иако имаше многу малку такви утрово.
Како и да е, на крајот сите среќни, сите весели!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
