Парма ги шокираше навивачите со одлуката да се раздели од тренерот Карлос Куеста, стратегот што ги собра симпатиите на италијанската јавност со атрактивната игра на која инсистираше без оглед на лимитираниот буџет на својот тим. Шпанецот беше втор најмлад тренер во историјата на Серија А, но тоа не му пречеше ланската сезона да ја заврши на 12. позиција.
Куеста во изминатиот период одби неколку понуди откако му беше ветувано дека ќе дојде до посериозни инвестиции во Парма. Тие ветувања не беа исполнети, што доведе до конфликти на почетокот од новата сезона. Парма во последниот меч пред репрезентативната пауза стигна до својата прва победа сезонава, страстите само за момент се смирија, за денеска да биде официјално потврдено дека Куеста повеќе не е шеф на стручниот штаб на Парма.
„Карлос Куеста повеќе не е тренер на нашиот клуб. На последниот состанок што беше одржан стана јасно дека повеќе не постојат услови за соработка на професионално ниво, за да продолжиме да го развиваме нашиот спортски проект. Затоа, заеднички беше донесена одлука за разделба“, се вели во клупското соопштение на Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
