Парма кажа ДА: Сузуки се сели во Астон Вила

Трансферот на Зион Сузуки во ПСЖ пропадна буквално во „пет до дванаесет“, но повеќе од јасно е дека јапонскиот голман нема да остане во Парма, која одлично ќе го наплати неговото заминување од „Енио Тардини“.

Астон Вила би требало да биде новиот клуб на Сузуки откако актуелниот освојувач на Лигата на Европа испрати нова понуда што Парма ја прифати. Загарантираната сума е 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку неколку клаузули, но и процент од следниот трансфер на одличниот голман.

Сузуки начелно ги има договорено и личните услови, па доколку не дојде до нов пресврт во последен момент, Јапонецот во наредните денови ќе отпатува во Бирмингем, на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.

Доаѓањето на новиот голман ќе го забрза заминувањето на Емилијано Мартинез, кој се наоѓа блиску до трансфер во Јувентус откако „црно-белите“ од Торино испратија понуда од седум милиони евра до Астон Вила.

Се вчитува...