Партизан демантира дека Милошевиќ бил тепан од „Гробари“

Пооделни медиуми во Србија пренесоа информација дека тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ бил физички нападнат, и тоа од страна на најверните навивачи на клубот.

Според пишувањата, дел од „Гробарите“ биле незадоволни што Милошевиќ не се појавил на состанокот закажан ден претходно па одлучиле да му се спротистават. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка во која Милошевиќ добил неколку шамари, по кои најавил заминување од клубот.

Но, не се чекаше долго сето тоа да биде демантирано од раководството на Партизан.

„Тоа навистина да се случило Партизан веднаш ќе реагираше, а верувам дека истото тоа би го направил и Милошевиќ“ – изјави потпретседателот на клубот, Владимир Вулетиќ.

Милошевиќ последниот период се поврзува и со преземање на клупата на Астон Вила, каде во минатото остави силен траг како фудбалер.

Се вчитува...