Партизан и официјално го промовираше Бразилецот Кабокло

Партизан конечно пронајде нов центар откако „црно-белите“ попладнево го официјализираа ангажманот на Бруно Кабокло, бразилскиот репрезентативец кој се очекува да биде големо засилување за тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.

Бразилецот имаше договор со Венеција, но воопшто не се појави на подготовките на италијанскиот клуб откако имаше извонреден настап на Мундобаскет 2023, каде во дресот на „кариоките“ во просек имаше по 16,4 поени и 9,2 скокови по натпревар. Тој беше во исчекување на понуда од Евролигата, а кога Партизан тргна во офанзива експресно беше постигнат договор за соработка до јуни 2025 година.

Трансферот се одолговлечи поради барањето на Венеција да добие отштета бидејќи Бразилецот имаше валиден договор со овој клуб, но се чини дека и тој проблем е надминат, па АБА-шампионот денеска и официјално го потврди потписот на Кабокло.

Овој 28-годишен кошаркар во периодот од 2014 до 2020 беше дел и од НБА-лигата, каде настапуваше за Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон.

Се вчитува...