Тренерот на Барселона, Жоан Пенароја пред гостувањето на неговиот клуб во Белград против Партизан упати пофални зборови за „црно-белите“ кои засега не прикажаа форма која ветува висок пласман во Евролигата.
Шпанецот верува дека Партизан поседува висок квалитет и дека е еден од тимовите кои ќе се борат за место на завршниот турнир на сезоната.
„Партизан е екипа кој многу вреди. Во оваа Евролига, кога ќе ги погледнете ростерите, има неверојатен квалитет. Не знам дали моќта е вистинскиот збор, но многу тимови ќе се борат за место на Фајнл-фор, и Партизан е еден од нив.
Партизан има врвен индивидуален квалитет, играчи кои можат да поентираат и кога се многу добро чувани, какви што се Џабари Паркер или Стерлинг Браун. Работиме на дефанзивна цврстина и се подготвувавме за сериозен натпревар“, изјави Пенароја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

