Управата и извршниот одбор на Партизан одбија да ја прифатат оставката што во средата ја поднесе Жељко Обрадовиќ.
Челниците на клубот еден ден откако му се заблагодарија за досегашната работа, решија да не ја прифатат оставката на Обрадовиќ, а згора на се тој доби и нова понуда.
Доколку ја повлече оставката, ќе има апсолутна доверба, а тоа значи одврзани раце да ги отпушти играчите за кои смета дека не ја оправдале довербата што ја добиле досега. Па дури и ако смета дека е потребно, да го замени целиот тим. Исто така беше истакнато дека резултатите од оваа сезона нема да бидат приоритет.
Она што сега е важно за раководството на Партизан е Жељко Обрадовиќ да остане во клубот.
Има информации и дека Обрадовиќ попладнево се враќа од Атина, а навивачите организирано се подготвуваат да го пречекаат на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

