Партизан не се предава, ќе има мајсторка за место во финалето на АБА

Партизан и Црвена звезда ќе играат „мајсторка“ за место во финалето на АБА-лигата откако „црно-белите“ вечерва славеа на домашен терен со 70-67 и му се реваншираа на вечниот ривал за драматичниот пораз на првата средба.

И овој дуел го одбележа максимално израмнета игра со бројни пресврти, но сепак завршницата им припадна на избраниците на тренерот Тринкиери. „Црвено-белите“ последното водство го имаа на четири минути до крајот (60-62), по што Партизан направи пресврт. Пејџ беше херојот на Партизан постигнувајќи пет поени во последните 80 секунди, за огромна радост на домашните навивачи по големата победа.

Маринковиќ беше прв стрелец на победничкиот тим со 18 поени, додека Перпероглу со 16 поени беше најдобар поединец во редовите на Црвена звезда.

Се вчитува...