Пау Торес и Капуе го „решија“ Реал Бетис (ВИДЕО)

Вилјареал славеше на гостувањето кај Реал Бетис со 0-2 во натпревар од 23. коло во шпанската Ла лига. Пау Торес во 41. минута донесе водство за гостите, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме домаќините се обидуваа да се вратат во мечот, но откако не ги искористија своите шанси гостите со првиот шут кон голот преку Капуе во 83. минута ги поставија конечните 0-2.

 

 

Се вчитува...